Река: Дојде време за претседател Албанец, затоа што и Албанците се граѓани на оваа земја

by fokus

Кандидатот за претседател Блерим Река денеска ја продолжи неговата кампања во Брвеница каде беше во придружба со лидерот на Алијанса на Албанците, Зиадин Села како и со лидерот на движење Беса, Билал Касами.

-Дојде време за претседател Албанец, затоа што и Албанците се граѓани на оваа земја. За да може да го живееме концептот за една Република за сите, треба да постои реална еднаквост, а не само формална за сите граѓани на оваа земја. Македонија како мултиетничко општество не може да функционира како моноетничка земја. Затоа на 21 април вашиот глас е глас за промена, глас против корупцијата и против неправдата, рече Река.

Поврзани новости