Министерот Спасовски се сретна со претставници на ЗНМ

by Фокус 21:03
21:03

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска оствари работна средба со претседателот на ЗНМ, Насер Селмани и Столе Наумов, исто така од ЗНМ. Тема на средбата биле нападите врз новинарите и медиумите кои се случија во изминатиот период во Република Македонија.

Министерот Спасовски и претставниците на ЗНМ се согласиле дека нападите врз новинарите претставуваат директен напад врз основното право на граѓаните да бидат информирани и тие не смеат да бидат толерирани.

- Advertisements -

Како што се вели во соопштението на МВР,  Спасовски потенцирал дека во интерес на почитување на демократските принципи, ќе бидат превземени сериозни мерки за итно расветлување на овие инциденти. Тој ја изразил подготвеноста на Министерството за внатрешни работи за понатамошна соработка со ЗНМ, со цел обезбедување на достоинствени услови за вршење на новинарската професија.

Поврзани новости