1.600 административци седат дома и земаат плата

by Фокус

1.600 лица земаат плата од државата, а не одат на работа, односно немаат никаков работен ангажман. Ова денеска го откри државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахиу. Овие лица во државната администрација се вработени по Рамковниот договор за правична застапеност на етничките заедници.

Сепак Јахиу рече дека и покрај слабостите во практичната реализација, правичната застапеност на етничките заедници била позитивна за општеството и дека преку неа државата ги подобрила услугите кон граѓаните.

Од Институтот за европска политика велат дека оваа ситуација со вработените кои земаат плата, а не одат на работа е апсурдна.Нивната анализа покажала дека правичната застапеност е препознатлива и прифатена во општеството, но дека иритира тоа што се злоупотребува и овој етнички клуч заради партиски вработувања.

-Денес поголем предизвик е политизацијата, односно вработувањата според политичката припадност, отколку самото вработување на етничките заедници кои не се мнозинство, рече Малинка Ристевска Јорданова, директорка на Инситутот.

Поврзани новости