Брдо-Бриони: Потребна е нова енергија во процесот на проширување на ЕУ

by Фокус

Лидерите на земјите членки од процесот Брдо-Бриони, меѓу кои и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, денеска одржаа Самит во Загреб на кој заклучија дека за јакнење на стабилноста и безбедноста во југоисточна Европа неопходно е да продолжи да јакне трансатлантското партнерство меѓу Европската унија и САД, како и да се воведе нова енергија во процесот на проширувањето на ЕУ и во процесот на евроатлантските интеграции, за на крајот Европа да биде „целосна, слободна и во мир“.

На Самитот учествуваа лидерите на Македонија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија и Србија, но и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и американскиот потпретседател Џозеф Бајден.

-ЕУ и САД „изразија цврста доследност на унапредувањето и поддржувањето на овие европски и евроатлантски интеграциски процеси на членките на процесот Брдо-Бриони, што ќе помогне во остварувањето на нашата заедничка стратешка визија на Европа која е целосна, слободна и во мир, се вели во заедничката изјава на претседателите на Македонија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија и Србија.

Поврзани новости