Министерот Спасовски е хоспитализиран на Инфективна

by fokus

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника, потврдуваат од МВР за “Фокус”.

-Министерот од вчера е на инфективната клиника поради висока температура. Неговата состојба сега е стабилна, велат од МВР.

Фокус синоќа имаше информација дека министерот е хоспитализиран, но денеска добивме официјална потврда.

Пред три дена Спасовски на фејсбук објави дека е заразен со Ковид-19.

В.В.

Поврзани новости