Митрески уверува: Пратениците од СДСМ ги почитуваат протоколите

by Fokus

Сите пратеници од нашата пратеничка група ги почитуваат протоколите за работа пропишани од Комисијата за здравство, изјави за МИА координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

-Единствените групирања се на седниците на работните тела и на пленарни седници, но и таму доследно се почитуваат мерките во смисла на мерење температура, носење маски, држење дистанца, дезинфекција на салите на секои два часа…, рече Митрески.

За тоа дали некој пратеник треба да оди во изолација, како што посочи тој, одлучуват надлежните институции според спроведената анкета со лицето позитивно на вирусот.

– Тоа исто што важи за сите граѓани, важи и за пратениците, додаде Митрески.

Поврзани новости