1.1K
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника, потврдуваат од МВР за “Фокус”.
-Министерот од вчера е на инфективната клиника поради висока температура. Неговата состојба сега е стабилна, велат од МВР.
Фокус синоќа имаше информација дека министерот е хоспитализиран, но денеска добивме официјална потврда.
Пред три дена Спасовски на фејсбук објави дека е заразен со Ковид-19.
В.В.