Министерот Ристовски го информирал Советот за реформи за правда дека опозицијата не се согласува со дел од решенијата

by fokus

Предложените измени на Законот за судови, Законот за Судскиот совет на Република Македонија и Законот за Академијата за судии и јавни обвинители беа на дневен ред на денешната трета седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор (2017-2022 година) на Владата на Република Македонија.

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски, како што соопшти владината прес-служба, ги информирал членовите на Советот дека одредени решенија, понудени од Министерството за правда, не се прифатливи за опозицијата и додал дека на седница на Собранието на РМ, закажана за 2 мај, очекува измените на Законот за судови и Законот за судски совет да се најдат на дневен ред.

Советот за следење на имплементација на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор ги разгледал предложените измени на Законот за судови, а пред сѐ понудените решенија на основите на дисциплинска одговорност и дисциплински мерки за судиите.

На седницата станало збор и за одредени предлози и решенија за Законот за судски совет и Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

Поврзани новости