Министерот Николовски: Мој прв братучед не е фатен во обид за шверц!

by fokus

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, остро реагираше на пишувањата во одредени портали, дека наводно, негов прв братучед бил фатен во обид за шверц. Меѓу другото, тој најави и тужба за одредени веб сајтови.

„Најостро ги демантирам информациите изнесени на порталите Курир и Инфомакс, дека мој прв братучед е фатен во обид за шверц. Дека станува збор за лажни и неточни информации и обид да се изманипулира јавноста, се гледа од самите текстови објавени на двата портали, во кои што не се посочува никакво име, каде и кога се случил настанот, туку само наводна роднинска врска.

Јасна е целта на уредувачката политика на Курир и на Инфомакс, да се оцрни и дискредитира моето име и успешното работење на #МЗШВ, во период кога како никогаш во изминатите 11 години, навреме и неселективно се исплаќаат субвенциите за земјоделците, се носат развојни мерки и крупни проекти за развој на македонското земјоделство.

Јас, најостро ги осудувам ваквите невистини и обиди да се изманипулира јавноста, особено земјоделците.

Ги повикувам двата портали итно да ги повлечат текстовите и да се извинат, во спротивно ќе следува тужба“, порача Николовски на својот профил на Фејсбук.

Поврзани новости