Кавадарци се пофали со нови три возила, до септември стигнува цистерна за перење улици

by fokus

Три нови возила обезбеди кавадаречки „Комуналец“, со кои ќе се подобрува услугата кон жителите на општина Кавадарци. Градоначалникот Митко Јанчев денеска потсети дека е ова трета набавка од годишниот план за ЈП „Комуналец“, направена во делот на нова механизација, обновување на механизацијата и дополнување на дејноста на „Комуналец“.

– Станува збор за две теренски возила со приклучна механизација приколка. Тие ќе служат во делот на секторите на ЈП за одржување, јавна хигиена и хидроцентралите. Тука е и четврти по ред мини скип, што ќе биде во делот на водовод, за дефекти и за отстранување на други површини, што ги има во делот на канализациите со скип, рече градоначалникот.

Тој соопшти дека оваа инвестиција како трета фаза од вкупната набавка, е околу 80 илјади евра.

– Така некаде до септември ја очекуваме и четвртата завршна фаза, да ни стигнат уште две машини. Тоа ќе биде уште една цистерна за перење на улици и голем кипер со кран, додаде градоначалникот.

Директорот на претпријатието, Ѓоко Поп Ицов рече дека „Комуналец“ не застанува тука.

– Очекуваме уште две нови машини, со што ќе биде заокружена планираната набавка за возила, за поефикасно и поквалитетно работење на „Комуналец“. Сега веќе имаме два мали ровокопачи или два мали скипа, а во догор со градоначалникот е планирано да се набават и два ножа за снег. Тие во зимски услови ќе бидат пуштени да го чистат снегот по тротоарите, плоштадот и по сите други јавни површини за кои ќе биде одговорен „Комуналец“, рече Поп Ицов.

Тој појасни дека двете теренски возила со приколки ќе бидат користени за потребите на хидроцентралите и водовод и канализација.

Поврзани новости