Јанакиески: Да му забраниш на професорот Ѓорѓи да оди на работа, да оди од врата на врата

by fokus

Дека државната администрација била активно ангажирана за време на изборите во 2011, односно не наместо на работа, оделе од врата до врата да агитираат за ВМРО- ДПМНЕ, се слушна и денеска на рочиштето.за случајот Титаник.

Миле Јанакиески на еден соговорник, на кој му се обраќа со градоначалниче, му дава наредба да му забрани да оди на работа.

-Градоначалниче, на тој професорот Ѓорѓи да му забраниш да оди на работа во Валандово, зошто треба да оди од врата на врата. Да не се појавува на работа до недела, му наредува Јанакиески на соговорникот.

Во случајот Титаник како доказ се предложени 1.063 бомби, а досега се објавени над 100.

Поврзани новости