Министерот ја запознал сопругата додека му била професорка, ги нарекуваат хрватски Макрон

by fokus

Министерот за економија и одржлив развој во Хрватска, Томислав Ќориќ и неговата сопруга Дубравка, во својата земја се познати и како хрватски Макрон. Јавноста му го дала тој прекар на парот поради сличностите со францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит.

Имено, популарниот француски пар се запознал во време додека Емануел бил тинејџер, а Брижит била негова наставничка. Таа е 24 години постара од него, поради што често пати нивната врска беше на мета на јавноста.

Томислав Ќориќ пак, ја запознал својата сопруга додека му била професорка на Економскиот факултет во Загреб. Таа е осум години постара од него, а разликата во годините, начинот на кој се запознале, како и тоа дека и двата пара немаат заеднички деца, биле доволен мотив Хрватите да започнат со споредбите со Макрон.

Во времето кога влезе во политиката, за хрватските медиуми изјави дека ниту една одлука не ја носи без одобрување од сопругата.

-Таа е мојата поддршка. Без неа не носам ниту една одлука, па така ниту оваа, за влез во политиката. Дубравка ме поддржа – раскажуваше министерот за Јутарњи.хр.

Со сопругата биле редовни гости на концертите на класична музика, често планинареле, возат електричен автомобил и редовно се залагаат за здрава животна средина, вклучени во низа на акции.

Вики Клинчарова

Поврзани новости