Министерот Филипче на средба со преживеана патничка и човекот кој и помогнал во несреќата кај Ласкарци

by fokus
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче присуствуваше на средба помеѓу преживеана патничка и човекот кој и помогнал да се извлече од превртениот автобус, откако измина една година од трагичната несреќа кај Ласкарци.
„На барање на Седат, минатата година успеавме заеднички да ја најдеме Јасмина. Тоа беше еден навистина емотивен момент, кој потврдува дека хуманоста, солидарноста и пожртвуваноста за другиот се вредности кои ние како општество ги имаме и треба безрезервно да ги негуваме. И денеска сочувствувам со семејствата на загинатите и посакувам никогаш повеќе да не ни се случи ваква трагедија“„ – истакна на средбата Министерот Филипче.
Министерот Филипче, уште еднаш, изразува длабока благодарност до сите здравствени установи, служби и работници кои навремено, стручно и професионално одговорија на задачата, спасувајќи ги животите на повредените патници.
Благодарност за целокупната грижа од страна на медицинскиот персонал упати и Јасмина која беше хоспитализирана во Градската општа болница „8 Септември“, каде се лекуваше повеќе од 3 седмици.

Поврзани новости