Министерката Шекеринска најави зголемување на буџетот на АРМ

by Fokus

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денес се сретна со  началникот на ГШ на АРМ, Методија Величковски, каде најви зголемување на буџетот на Армијата на Република Македонија, како и подобрување на професионализацијата во неа. Според Шекеринска, Армијата не треба да биде место каде што ќе се вмешуваат политички партии, вклучително и владеачката СДСМ.

Тие на средбата ја имаа можноста да разговараат за реформи преку кои ќе се врати определбата за членството во Алијансата.

Министерката за одбрана се осврна и на основните потреби на припадниците на АРМ како што е опрема, униформа, чизми и останато и додала дека ќе сторат се за да најдат решенија за искористување на домашните компании, што ќе влијае и на подигнување на домашната економија.

Генералот Величковски упати честитки до министерката за нејзиното поставување.

„Прв пат на чело на Министерството имаме жена министер, што е предизвик сам по себе. Се радувам што Министерството добива влијателен министер. Армијата секогаш ќе биде во поддршка на Министерството за одбрана, и очекувам тоа да биде и обратно. Воедно во периодот што следува ќе имаме можност за размена на идеи корисни за Армијата, а со тоа и за безбедноста на државата“, истакнал Величковски.

 

 

Поврзани новости