Тачи: ДПА ќе биде конструктивна опозиција

by Фокус

ДПА како опозициска партија ќе делува конструктивно и ќе ги поддржи сите институционални иницијативи во врска со унапредувањето на правата на Албанците, сериозните реформи и деблокирањето на интеграциските процеси, најавил партискиот лидер Мендух Тачи на денешната средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Од ДПА соопштија дека Тачи оценил оти Македонија се наоѓа во многу важни моменти за земјата и регионот, па затоа, според него, новоизбраната влада треба сериозно да се посвети на своите ветувања во врска со системските реформи и интеграциските процеси.

Според Тачи, единствен начин за напредок во решавањето на овие прашања е во продолжувањето на политичкиот дијалог со посредство на меѓународната заедница.

 

Поврзани новости