Премиерот Заев и министерот Спасовски во посета на поплавените места во Тетовско

by fokus 15:55
15:55

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот и министер за внатреши работи, Оливер Спасовски, кој раководи со Управувачкиот комитет во системот за справување со кризи, денеска ќе ги посетат граѓаните од поплавените места во Порој, Тетовско.

Заев и Спасовски прво ќе се сретнат со градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, а потоа заедно со неа ќе ги посетат граѓаните од регионот Порој, локален пат Тетово-Јажинце, погоден со поплавите и на лице место ќе ги согледаат состојбите на теренот.

- Advertisements -

Поврзани новости