Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денес се сретна со началникот на ГШ на АРМ, Методија Величковски, каде најви зголемување на буџетот на Армијата на Република Македонија, како и подобрување на професионализацијата во неа. Според Шекеринска, Армијата не треба да биде место каде што ќе се вмешуваат политички партии, вклучително и владеачката СДСМ.
Тие на средбата ја имаа можноста да разговараат за реформи преку кои ќе се врати определбата за членството во Алијансата.
Министерката за одбрана се осврна и на основните потреби на припадниците на АРМ како што е опрема, униформа, чизми и останато и додала дека ќе сторат се за да најдат решенија за искористување на домашните компании, што ќе влијае и на подигнување на домашната економија.
Генералот Величковски упати честитки до министерката за нејзиното поставување.
„Прв пат на чело на Министерството имаме жена министер, што е предизвик сам по себе. Се радувам што Министерството добива влијателен министер. Армијата секогаш ќе биде во поддршка на Министерството за одбрана, и очекувам тоа да биде и обратно. Воедно во периодот што следува ќе имаме можност за размена на идеи корисни за Армијата, а со тоа и за безбедноста на државата“, истакнал Величковски.