544
Во очекување на официјалната оставка на министерката за внатрешни работи Гордана Jанкулоска, таа се обрати на својот фејсбук профил:
„Во изминативе години не штедејќи време и енергија работев професионално и посветено секогаш раководејќи се од интересите на граѓаните и пред се раководејќи се од интересите на Македонија. Му благодарам на Премиерот Груевски за дадената доверба, на моето семејство и пријателите за разбирањето и поддршката и на најдобриот тим, моите соработници од МВР со кои беше задоволство да се соработува секогаш во интерес на Македонија!“, напиша министерката Јанкулоска.