Министер од Мадагаскар преживеал пад од хеликоптер

by fokus

Министер од Мадагаскар, Серж Желе, преживеал пад од хеликоптер во морето и морал да плива 12 часа за да стигне до брегот за да се спаси. Неговиот хеликоптер паднал во водата за време на една спасувачка мисија. За среќа и другите двајца спасувачи кои патувале со него во хеликоптерот, ја преживеале несреќата.

-Сè уште не ми е време да умрам, рекол Желе.

Неговиот тим ја надгледувал областа во североисточниот дел од земјата, каде потонал еден патнички брод. Најмалку 30 лица загинале во таа несреќа, соопштија официјалните лица.

Засега не е јасно што ја предизвикало хеликоптерската несреќа, но Желе пливал од 19:30 часот до 7:30 часот до градот Махамба. Рече дека не бил повреден, но му било многу студено.

-Само сакам да се емитува ова видео за да го види моето семејство, да го видат моите колеги и членовите на владата. Јас сум здрав и жив, им рече Желе на селаните во Махамбу.

Поврзани новости