696
Покачувањето на минималната плата не е само поради притисоците од синдикатите, туку и поради новите поскапувања на многу производи, смета универзитетскиот професор Ванчо Узунов.
-Освен што е цена на трудот, минималната плата е социјална категорија за голем број семејства.
Покачувањето на платите не треба да биде под 57 отсто од просечната плата, а треба и да се корегира 50 отсто од порастот на минималната со порастот на просечната плата и со 50 отсто од растот на инфлацијата.
Исто така потребни се реформи за подобрување на квалитетот на работната сила, рече Узунов во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.