Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, рече дека од уставно-правен аспект Собранието не може да работи и да одлучува преку онлајн апликации, бидејќи, според него, членот 69 налага присуство на собраниските седници на мнозинство од вкупниот број на пратеници.
-Од етички аспект, би било нееднаквост доколку пратениците физички не одат на работа во Собранието, а во исто време се бара градежниците, медицинскиот персонал, продавачите, возачите, наставниците, судиите, чиновниците и приватниците физички да бидат на своите работни места за да си ја заработат својата плата – потенцира Милошоски.
Претходно, пратениците од парламентарното мнозинство побараа пратениците кои имаат решение за изолација да гласаат електронски и да се водат како присутни на седницата.