478
Се уште трае седницата на која се расправа за Законот за употреба на јазиците, односно потребата од донесување на овој закон. Пратеникот Антонио Милошоски рече дека обичниот Албанец нема потреба од ваков закон.
-Носењето на овој закон не е потреба на обичниот Албанец, туку потреба на функционерите од Албанци од ДУИ да ја покријат својата неспособност и корумпираност, рече Милошоски.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги предупреди пратениците дека нема да им дозволи да дискутираат доколку излегуваат надвор од темата и доколку не се држат до потребата за донесување ваков закон.