416
На 12 декември, ВМРО-ДПМНЕ ќе го бира премиерот на Македонија, а СДСМ нов лидер, порача Антонио Милошоски, носител на пратеничката листа на владејачката партија во петтата изборна единица.
-На Зоран Заев, како понов член во политиката, треба да му биде јасно дека Радмила Шекеринска успеа да лизне еден претседател од СДСМ и да му направи сопка на Бранко Црвенковски. Шекеринска е таа што ќе му направи сопка и на Заев. Тој ќе биде претседател на СДСМ до 11 декември – рече Милошоски.