Тачи: Бандитите и ајдуците од ДУИ веќе нема да тераат жени да гласаат по 5 пати!

by Фокус

Криминалната структура на ДУИ веќе нема да има можност да врши манипулации на изборите како порано, бидејќи набљудувањето на меѓународната заедница ќе биде извонредно, а казнувањето на таа структура која ќе направи прекршок во овој процес ќе биде големо, порача лидерот на ДПА Мендух Тачи на вчерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на телевизијата Алсат.

-Имам една порака за сите наши браќа Албани и муслимани – не дозволувајте ДУИ да ги направи жените субјект за манипулирање на изборите. Тој филм кој е претходно направен заврши. Облечија ја жената со 3-4 различни облеки и одведи ја да гласа 5 пати. Не се криви членовите на Гласачкиот совет, ниту набљудувачите на ДПА. Јас сум наредил членот на Гласачкиот совет во моментот кога ќе забележи дека една жена сака да гласа 2 пати, да го стопира гласачкиот процес со 2 раце и утредента да немаме недоразбирање. Таа жена од тој момент завршува со минимум 5 години затвор. Луѓето треба да бидат многу внимателни бидејќи структурата на Али Ахмети, наполнета внатре со криминалци, со бандити, со ајдуци, ќе се потрудат да ја злоупотребат оваа структура на Албанците – рече Тачи.

Тој ја побара поддршката на Албанците за да стане единствен вицепремиер во владата со право на вето, но, како што рече, доколку загуби „правилно и демократски“, подготовен е да си поднесе оставка.

Поврзани новости