Антонијо Милошоски, од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само интервју“ зборуваше за меѓувладината конференција која се одржа во Брисел и потенцираше дека Македонија всушност одржа прва фотосесија на проформа меѓувладина конференција каде што наместо да се отвори преговарачката рамка се дадоа насоки за отварање на Уставот и затоа во Македонија нема прослава, нема радување, туку има едно горко чувство.
„Македонија одржа прва фотосесија на проформа меѓувладина конференција каде што наместо да се отвори преговарачката рамка се дадоа насоки за отварање на Уставот и затоа во Македонија нема прослава, нема радување, туку има едно горко чувство. И затоа и делегацијата од Брисел кога се врати ако ова беше историски момент за прослава, требаше да излезат на плоштад, претходно организираа ЕУ фестивали, кога им беше референдумот и слично, требаше сега да организираат како Влада и Ковачевски и Маричиќ и Бујар Османи. Јас мислам дека самите присутни во Брисел знаат зошто нема прослава. Инаку кога има историски момент, народот знае сам да го препознае“, кажа Милошоски.