Лукашенко алармира: Мораме да избегнеме нуклеарна војна

by Fokus

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека војната во Украина нема да престане сè додека Киев не ги прифати загубите и не преговара со Русија.

Тој истакна дека сè зависи од Украина и оти војната сега може да заврши во околности што се поволни за Киев.

– Таа (Украина) треба да седне на преговарачка маса, да се согласи дека никогаш нема да биде закана за Русија. Киев мора да прифати дека никогаш нема да има оружје на своја територија што би било закана за Русија. Украина, исто така, мора да прифати дека ги изгубила регионите окупирани од Русија на исток и југ. За тоа повеќе не станува збор, за тоа можевме да разговараме во февруари или март, истакна Лукашенко.

Тој истакна дека мора да биде запрена војната со цел да се избегне нуклеарна војна.

– Ајде, да запреме. Не треба да одиме понатаму. Понатаму, тоа е бездна. Понатаму, тоа е нуклеарна војна. Не треба да одиме таму, посочи Лукашенко.

Поврзани новости