Милошоски: Референдумското прашање не заслужува одговор!

by fokus

Се зголемува поддршката за кампањата која повикува на бојкот на референдумот откако тој и официјално беше распишан вчера со одлука на парламентот. На кампањата и се придружи и пратеникот и екс министер, Антонио Милошоски, кој порача дека референдумското прашање не заслужува одговор, употребувајќи ја истата сентенца како СДСМ во 2004 година кога се гласаше на референдум за територијална поделба.

„Референдумското прашање кое е
– спротивно на Законот (задолжителен, наместо консултативен) и
– спротивно на Законот (еднозначно, наместо трозначно манипулативно прашање) и
– спротивно на Уставот потврден од народот 1991 и Бадинтер (ЕУ) 1992г.
Не заслужува одговор!
#Бојкотирам“, порача Милошоски.

Референдумското прашање кое е- спротивно на Законот (задолжителен, наместо консултативен) и- спротивно на Законот…

Publiée par Antonio Milososki sur Lundi 30 juillet 2018

Поврзани новости