Милошоски: Поставена бомба во куќата на моите родители

by Fokus

Вчера вечер во с. Ижиште, околу 22 часот екипи на МВР крим техника од М.Брод, Прилеп и анти-тероризам од Скопје успешно демонтирале бомба на задната врата во куќата на татко ми, објави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

Според него, бомбата била кукавички поставена со цел да ги убие или рани неговите родители.

„Имале среќа и Божја рака врз нив, и Татко ми и Мајка ми, што не турнале посилно кога отварале, а откако тој видел за што се работи, уредно пријавил. Очекувам сторителите да бидат пронајдени од надлежните органи. Заканата кон Татко ми ја сметам за индиректна закана и притисок кон мене, поврзана со мојата политичка активност и мислење. Но, нема потклекнување, ниту повлекување“, пишува Милошоски.

Остра осуда за настанот стигна од СДСМ. „МВР мора веднаш да го расветли случајот со поставената бомба, а извршителите мора да бидат најдени и соодветно казнети“, соопштија оттаму.

Поврзани новости