МВР работи на расчистување на случајот со бомбата кај родителите на Милошоски

by Fokus

Вчера околу 18,00 часот во селото Ижиште-Македонски Брод, М.М. (66) од Кичево додека косел во дворот од сопствената куќа, оштетил метален предмет кој претходно не го забележал, соопштија од МВР.

Од ударот предметот почнал да дими формирајќи бел чад, од што истиот почувствувал солзење во пределот на очите, носот и болка во градите. По случката, М.М. се упатил во една од подрумските простории на куќата каде на влезната врата пронашол експлозивна направа поставена на внатрешната страна од влезната врата, велат оттаму.

„Од извршениот разговор со М.М. истиот појаснил дека последен пат во куќата бил на крајот од минатиот месец и тогаш немало ништо во куќата. Увидна местото на настанот извршиле јавното обвинителство, увидна екипа од ПС-Македонски Брод и екипа од Одделот за антитерористичка заштита, при што е подигнат предметен материјал и даден за вештачење. Се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ самиот на Фејсбук објави дека во куќата на неговите родители вчера била поставена бомба.

Поврзани новости