Милошоски: Нападот врз Јанакиески и Ристовски беше осмислен

by fokus

Она што се случи во притворското одделение вчера беше смислено сценарио со цел да им се нанесе психичка, физичка и морачна штета на опозиционери, рече пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на денешната комисиска расправа за имунитетот на пратеникот, Трајко Вељаноски.

-Зошто човек кој го почитувал домашниот притвор, како Јанакиески, да има потреба да влезе во ефективен притвор. За да биде понижен, малтретиран и физички истепан за од тука да почне казната за политичките неистомисленици – рече Милошоски.

Нападот врз двајцата поранешни министри на ВМРО ДПМНЕ го осуди и пратеникот Павле Богоевски, кој претседава со Комисијата. Тој побара оставка од директорот на затворот во Шутка и истрага за да утврди одговорност во затворот.

Поврзани новости