Солскјер: Знаеме колку е големо тоа име Манчестер јунајтед, градиме тим кој ќе биде достоен за историјата на клубот

by fokus

Менаџер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер изрази мислење дека победа во недела против Ливерпул во Премиер лигата ќе го направи неговиот тим „достоен за историјата на клубот“.

Норвешкиот стратег и поранешен играч на „црвените ѓаволи“ запиша 11 победи во првите 13 натпревари на чело на тимот, откако загуби само еднаш – 0:2 од ПСЖ дома во Лигата на Шампионите. Три од неговите победи дојдоа против Тотенхем, Арсенал и Челзи.

– Сакаме да изградиме тим кој ќе биде достоен за историјата на Манчестер Јунајтед, а еден чекор во таа насока ќе биде победа над Ливерпул. Неверојатно е што победивме против Тотенхем, Арсенал и Челзи. Сакаме да завршиме во првите 4, а ние сега се соочуваме со Ливерпул. Знаеме колку големо е тоа име за Манчестер Јунајтед, за тренерскиот штаб, навивачите. Тоа е уште еден предизвик пред овој тим. Направивме неколку чекори во вистинска насока, во процесот на трансформирање ни во тим кој се цели се повисоко во Премиер лигата, додаде Солскјер.

Поврзани новости