Милошоски: ДИК или ќе ја признае нашата победа или ќе се соочи со гневот на народот

by fokus

Пред поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК се обрати Антонио Милошоски, кој се закани дека доколку ДИК донесе поинаква одлука од одлука во корист на ДПМНЕ, тогаш ќе се соочи со гневот на народот.

-Македонскиот народ гласаше. Вечерва има шанса ДИК или да ја признае волјата на народот или да се соочи со гневот на народот. Не сакаме немири и проблеми туку да ни се признае тоа што го заслуживме. Победа со 51 пратеник на коалицијата за подобра Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Има политичари кои виткаат кичма но народот не е таков. Две години бевме во криза, дојдовме до избори излеговме и победивме и сакаме да ни биде потврдена. Сакаме ДИК да ја потврди победата, тие се платени и да работат по закон а тој гласи дека суверен е македонскиот граганин, а тие со своите гласови застанаа зад платформата за напредна и стабилна Македонија. Победата е наша и наша ке остане. Трпевме две години ама нема да ги трпиме и понатаму. Ние сме победници ја заслуживме чесно и нема да дозбволиме да ни ја оспорат, рече Милошоски.

Поврзани новости