Се врти оро пред ДИК

by fokus

По жестока расправија во Државната изборна комисија, членовите на комисијата станаа од масата на која преговараат за приговорите на СДСМ и БЕСА. Во моментов седницата е во прекин.

Во меѓувреме, членството на ВМРО-ДПМНЕ со зурли и тапани се забавува пред седиштето на ДИК. Се пеат патриотски песни, се вејат знамиња и се врти оро.

Тука се и функционери и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Предмалку говор имаше Антонио Милошоски кој го повика народот на бунт, доколку има промена во прераспределбата на мандатите. Пред присутните се обрати и Коце Трајановски кој рече дека ова е голем срам за државата и дека ако треба цела ноќ ќе останат пред ДИК да ја чуваат победата.

Поврзани новости