487
Антонијо Милошоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска по протестот изјави дека за оставката на Никола Груевски како и за нов лидер ќе одлучат делегатите на Конгресот.
-Делегатите од редовниот конгрес од Куманово треба да бидат известени, бидејќи истите ќе бидат делегати и на вонредниот конгрес. Ќе се одлучува за оставката на претседателот Груевски и за кандидатите кои би аплицирале за позицијата, рече Милошоски и додаде дека очекува делегатите да одлучат кои ќе бидат луѓето кои ќе бидат кандидати за нов претседател на партијата, рече Милошоски.
Тој додаде дека во партијата имаат став дека најважно е да се случи оставката и да се задржи кохезијата во партијата.