Намалена видливост на Стража и Плетвар

by fokus

Појава на магла со видливост од 30 до 50 метри се бележи на патиштата на планинските премини Стража и Плетвар, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Оттаму информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози и апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината на условите на патот.

На одредени патни правци кои поминуваат низклисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Поврзани новости