649
Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски вели дека околу учеството на неговата партија во можната широка владина коалиција, целта ќе биде борбата со корупцијата, а не да биде статист.
-Доколку би се случил таков потег, проекција на некоја поширока влада, ВМРО-ДПМНЕ нема намера да биде статист. Ако влезете во таква влада намерата е да се борите со корупцијата и криминалот. Ако ВМРО – ДПМНЕ е во таква влада ќе биде објавен договорот со Бехтел и Енка, на пример.
Нелогично е да влезе опозициска партија во таква влада и да не се бори со корупција и криминал. Мислам дека Ковачевски попрво би се откажал од Пиксел груп, него работите му ги одржува ДУИ и затоа нема намера да се откаже од ДУИ“, истакна Милошоски.