На денешната седница на Советот, градоначалникот Коце Трајановски предлага граѓаните да платат милион и 377.000 евра за уредување на околината на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, предупреди денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски кој исто така е член на Советот на Град Скопје.
– Советничката група на СДСМ и опозицијата најостро се спротивставува на ова расфрлање за раскош и луксуз на Коце Трајановски. Наместо за плоштад од 1 милион и 377 илјади евра предлагаме парите од буџетот на градот да се потрошат наизградба на водовод во населбата Шуто Оризари и на секојдневен бесплатен јавен превоз за студентите. Недозволиво е дел од граѓаните на Скопје да немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење, а да се трошат 1 милион и 377 илјади евра за уредување на просторот пред партиското седиште на Никола Груевски – додаде Манчевски.