Фирмата на Субрата Рој уверува дека проектите ќе продолжат

by Фокус

„Сахара Индија Паривар“ е во напредна фаза во реализацијата на своите бизнис планови во Македонија и нема да отстапи од било кој од проектите во земјата, изјавил за индиските медиуми портпарол на фирмата зад која стои индискиот тајкун Субрата Рој.

Понатаму „Сахара“ уверува дека при крај се подготовките за споменикот на Мајка Тереза на скопскиот плоштад и за нејзиниот дом во Општина Илинден, додека, како шо информира индиската компанија при крајот на годината ќе почне и реновирањето на Хотелот „Славија“, кој лани го купи Субрата Рој.

За проектот Џумајлија, за кој Министерството за земјоделство информираше дека ќе им ја активира гаранцијата од три милиони од „Сахара“ велат дека се надеваат оти со Владата ќе успеат да ги надминат недоразбирањата.

Поврзани новости