Трајко Стаматовски: Негирањето на улогата на НОБ е опасно

by Фокус

Делегација предводена од претседателката на Градската организација на СДСМ Софија Куновска, ја посети градската организација на Сојузот на борци, информира партијата.

-Негирањето на улогата на НОБ е опасно. Многу грешат оние кои денес сакаат да ја минимизираат улогата на НОБ, како еден од темелите на државноста – изјавил на средбата претседателот на градската организација на борците од НОБ, Трајко Стаматовски.

Претседателката на Градската организација на СДСМ, Куновска пред борците од НОБ ја презентирала Програмата со којашто СДСМ достоинствено го одбележува јубилејот 70 години 13 ноември – Денот на ослободувањето на Скопје од фашизмот.

Поврзани новости