Милевски: По 40 години Пониква добива реконструирани ски лифтови

by fokus

Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта издвои средства да се реконструира патот за еден помасовен туризам на Пониква, а Министерството за локална самоуправа заедно со Швајцарската агенција за развој и соработка, обезбедија 5 милиони денари да се реконструираат и да се стават во функција ски лифтовите во рамки на Источниот плански регион.

Какко што соопшти Министерството за локална самоуправа, со проектот е опфатена реконструкција на постојните ски-лифтовите со должина од вкупно 692 метри, замена на сајли, котви, лагери, редуктори, комплетна електроника, репарација на стопи и бојадисување на столбови и друго. Со реконструкцијата на ски лифтовите на Пониква ќе се зголеми побарувачката за спортски туризам, ќе се привлечат спортски клубови и спортисти, како и аматери, деца и љубители на зимскиот туризам и ќе се зголеми безбедноста на посетителите.

Поврзани новости