503
Миленко Неделковски на неговата веб страница објави дека вечерва полицијата му доставила покана за распит во ОЈО.
-Ете, уште неизбрани, го почнаа прогонот. Вечерва дојде полиција кај мене дома, и ми даде покана од ОЈО. Ме повикува ОЈО како “осомничен за кривично дело“ Загрозување на сигурноста преку ширење расистички и ксенофобични метеријал по компјутерски систем. Не сум сигурен и дали ми е ова од овие кој од утре ќе владеат, или од оние кој до денеска владееја!!! Сигурен сум само во тоа дека ако било кој мисли дека ќе ме заплаши, гадно се заебал. Можеби можете да го уценувате Заев, Груевски, Јанкуловска, Јанакиевски, Верушевски, Мијалков… Со Миленко тој филм нема да го гледате, напиша Неделковски.