Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, денеска треба да се појави на сведочење во Анектната комисија за скандалот со прислушувањето, според планот што го објави претседателот на Комисијата Петре Шилегов.
Со Јанакиески се заокружува првиот круг на сведоци, кои беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
На 17 декември, четврток пред комисијата треба да се појави како сведок министерот за финансии Зоран Ставревски.
Вчера премиерот Никола Груевски беше првиот сведок што се појави пред Анкетната комисија за прислушувањето.
Речиси пет часа премиерот Никола Груевски одговараше на прашања на членовите на Комисијата, кој воедно беше и првиот предложен сведок, но и единствен досега што се појави, иако повикани беа екс – министерката за внатрешни работи, министерот за финансии Зоран Ставрески, советникот на премиерот Мартин Протуѓер и поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков.
– Согласно Законот не би можел да давам изјави во јавноста, да можеше информациите да се објават ќе излезеше добра хумористична серија, изјави претседателот на Комисијата Шилегов, по седницата.
Груевски рече дека исказите се однесувале на работи кои тој во најголем дел претходно ги соопштил во јавноста и посочи дека вистинската Анкетна комисија ќе биде онаа на народот на 24. април годинава.