Родителите на убиените: Високи фукнционери се вмешани во Смилковско Езеро

by Фокус

Родителите на момчињата кои беа убиени кај Смилковското Езеро се незадоволни од денешната потврда на Апелациониот суд на пресудата за обвинетите во случајот „Монструм“. Тие сметаат дека сè уште не се кажани сите работи околу ова монструозно убиство, а и не се задоволни од тоа што  двајца од обвинетите. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во Косово и се чека на нивна екстрадиција во земјава. Родителите на убиените се сомневаат дека високи фукнционери се вмешани во убиството на нивните деца.

Семејствата се жалат и од игнорантискиот однос од Специјалното обвинителство, бидејќи пред еден месец побарале прием кај специјалната обвинителка Катица Јанева, но се уште не добиле одговор.

Родителите бараат Јанева да го преземе случајот „Монструм“ и велат дека ако претседателот на СДСМ, Зоран Заев, не ги предаде  аудиоснимките поврзани со случајот, ќе поднесат кривична пријава против него.

Поврзани новости