711
Режисерот Владимир Милчин во гостувањето во дневникот на Сител, ја коментираше и посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговата средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Во Будимпешта кај Орбан се и сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот лидер на партијата (Никола Груевски). Мислам биле на иста средба, инаку не ми е јасно зошто би отишол Мицкоски таму. Истовремено, кога Орбан вели дека Македонија е оштетена, еврокомесарот Вархеји, кој е човек на Орбан, удира по опозицијата дека претерала. Ова е лукавост? Некој се мајтапи со нас?“, рече тој.