Реактивиран пожарот на полигонот „Криволак“

by Fokus

Пожарот на армискиот полигон „Криволак“ е реактивиран денеска попладне и поделен на три краци, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи.

– Во текот на вчерашниот ден, во утринските часови поради високите температури се случи пожар на отворен простор од пошироки размери во Армискиот воен полигон „Криволак“, Општина Неготино. Од 16.30 часот иако било дејствувано во повеќе наврати од страна на Армијата со поддршка од летала (хеликоптер), пожарот бил локализиран, но не и целосно изгасен, потсетија од ЦУК.

Поврзани новости