528
Бараме оставка од владата на Никола Груевски и на јавниот обвинител Марко Зврлевски, формирање на преодна влада и прочистување на избирачкиот список, МРТВ да биде сервис на граѓаните, а не мегафон на врхушката на власта, рече на денешниот протест директорот на фоднацијата Отворено општество – Македонија Владимир Милчин.
– Да се сака Македонија е обратно од тоа да се сака Груевски. Дојдовме наспроти сите пречки, закани, уцени, лаги, подмолни марифети на власта да го загуши или барем да го придуши крикот за слобода. Дојдовме презаситени од стравот и гладни за слобода, да ја ослободиме слободата, да ја освоиме демократијата, да го устоличиме владеењето на правото. Дојдовме киднапираната држава да им ја вратиме на граѓаните – изјави Милчин.