Димитров: Да ја вратиме душата на Македонија!

by Фокус

На граѓаните пред Владата им се обрати и Никола Димитров. поранешниот амбасадор во Сад и Холандија и поранешен преговарач за името.

-Ќе ги ставиме темелите на идна Македонија. Сите заедно да ја вратиме душата на Македонија и да го тргнеме срамот. Никола ако ме слушаш, а многу сакаш да слушаш, од многуте проекти главниот го заборави, Македонија ја заборави.  Има еден избор, или оваа власт или Македонија, истакна Димитров.

Тој му се заблагодари на премиерот за тоа што го обединил народот.

-Фала ти Никола што не обедини. Не обедини и сега бараме одговорност! Оставка! Нема партии во судството, во администрацијата, во бизнисот. Нема партија во животот. Да живеат разбудените и неразбудените, зошто и нив ќе ги разбудиме. Да живее Македонија?, истакна Димитров.

Поврзани новости