Погубен вицепремиерот на Северна Кореа кој не се согласувал со политиката за пошумување на лидерот

by Фокус

Вицепремиерот на Северна Кореа, Чое Јонг-гон, бил погубен во мај годинава, а причина било тоа што изразил несогласување со политиката за пошумување на лидерот Ким Јонг-ун, јавува „Би-Би-Си“, а пренесе МЕТА. Наредбата за погубување ја дал младиот лидер Ким Јонг-ун.

Оваа ингормација ја објавила  јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“, која обично прва ги пренесува новостите од Северна Кореја. Информацијата не е потврдена од Северна Кореја, која многу ретко се произнесува за вакви случаи.

Откако Ким Јонг-ун е на власт, во Северна Кореја близу 70 владини службеници биле убиени по наредба на лидерот.

Поврзани новости