Милановиќ: Да не и се поставуваат невозможни услови на Македонија

by fokus

На Северна Македонија не треба и да се поставуваат невозможни услови, кои влегуваат во интимниот простор на нацијата, повторно порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој заедно со претседателите на Словенија и Австрија Борут Пахор и Александар Ван дер Белен се состана на осмиот годишен состанок на трилатералата во Костањевица на Крка во Словенија.

– И околу Западен Балкан, и околу Северна Македонија и Албанија, јас многу јасно кажав пред еден или два месеца, кога е во прашање Северна Македонија, но сега некои работи се изменети. Имаше избори во Бугарија, се надевам дека тоа ќе ја олесни ситуацијата и дека на младиот, новиот и малку економски послабиот кандидат Северна Македонија, нема да и се прават проблеми и да и се поставуваат услови кои се невозможни, односно кои влегуваат во интимниот простор на нацијата – истакна Милановиќ.

Поврзани новости