Трифонов го повлече предлогот за премиер

by fokus

Лидерот на партијата „Има таков народ“ која тесно победи на парламентарните избори во Бугарија, Слави Трифонов, на својот фејсбук-профил напиша дека го повлекува предлогот економистот Николај Василев да биде бугарски премиер.

„За само три дена, врз него се истурија многу погрдни зборови. Се покажа дека не е важно колку се образовани кандидатите за членови на владата, колку се добри експерти, колку се јасни нивните приоритети. Се покажа дека тоа не е важно за оние медиуми и политичари, кои го назначија Николај Василев за лидер на Движењето за права и слободи, тврдење кое нема никаква врска со вистината“, истакна Трифонов.

Според него, на Бугарија не и требаат нови избори и нестабилност, додавајќи дека е важно да се отстрани моделот ГЕРБ од јавниот и политичкиот живот.

Поврзани новости